Репрезентацијата на Македонија до 21 година вечерва на Арената Тодор Проески од 18:30 часот ќе се сретне со Франција во квалификациите за Европското првенство.
Секако дека Франција во која играат играчи од најсилните првенства е голем фаворит, меѓутоа момците на Цапар сигурно нема да излезат со бело знаме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На денешниот натпревар на голот ќе биде Денковски, потоа во одбраната Хајдари, Младеновски, Манев и Антовски. Во средината ќе истрчаат Шеји, Фазлагиќ, Адем и Гроздановски, а во нападот стартуваме со Арби Воша и Марио Илиевски. Илиевски го менува Марко Ѓоргиевски од Шкупи кој беше прв напаѓач во претходните натпревари
Фото: ФФМ