Европската куќа на фудбалот определи како ќе се играат квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар, кои поради пандемијата ќе доживеат големи промени.
Извршниот комитет на УЕФА одлучи квалификациите да се играат до ноември во четири интернационални прозорци во кои два ќе бидат со по три, а два со по два меча.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во соопштението на УЕФА се вели дека квалификацискиот турнир ќе се состои од 10 групи. Победникот од секоја група ќе добие билет за Мундијалот директно. Екипите кои ќе бидат втори, како и двете најдобри екипи од Лигата на нации ќе учествуваат во плеј-офот, каде ќе се одредат добитниците на уште билети за СП.
Тие 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи, во кои ќе се играат полуфиналните и финалните мечеви и ќе ја донесат одлуката за преостанатите три европски учесници на Мундијалот во Катар.
? The draw procedure for the 2022 @FIFAWorldCup qualifiers was today approved by #UEFAExCo, pending FIFA confirmation.
— UEFA (@UEFA) June 18, 2020
? groups
✅ Group winners qualify directly
Runners-up joined by two teams from the #NationsLeague in play-offs to determine the last three teams to qualify. pic.twitter.com/P9HH4AOzb9