Дома Топ вести Познат главниот фаворит за нов претседател на Барселона!

Познат главниот фаворит за нов претседател на Барселона!

Резултатите од анкетата која ја направи „Мундо Депортиво“ покажуваат дека Жоан Лапорта има најголеми шанси за победа на изборите за претседател на Барселона.

58-годишниот Лапорта беше на чело на каталонскиот клуб од 2003 до 2010 година. Сега реши повторно да се кандидира откако претседателското место остана празно по оставката на Жозеп Бартомеу на крајот на октомври.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На прашањето за кого ќе гласаат ако изборите се одржат денеска, вкупно 52.3% од испитаниците се изјасниле дека својот глас би го дале за Лапорта, покажува анкетата на шпанскиот весник.

За Виктор Фонт би гласале 13.2 отсто, а за Емили Русо, 3.2 отсто од анкетираните.

Со испитувањето биле опфатени 220 членови на Барселона, од кои 17.2% се изјасниле оти се уште не донеле одлука дали и за кого ќе гласаат, додека 3.2 проценти одговориле дека својот глас нема да го дадат за ниту еден од кандидатите. Изборите ќе се одржат на 24ти јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …