Дома Останати Тенис Познато против кого и кога ќе игра Ѓоковиќ во осминафиналето во Шангај

Познато против кого и кога ќе игра Ѓоковиќ во осминафиналето во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Шангај.

Ѓоковиќ во Кина атакува на јубилејната 100-та титула во кариерата, а во третото коло го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 2:0, во сетови 6:1, 6:2.

Противник на Ѓоковиќ во борбата за место меѓу осумте најдобри ќе му биде Русинот Роман Сафиулин, кој по пресврт од 2:1, по сетови 5:7, 7:5, 7:6 (5), по три часа и пет минути огромна борба и драма го победија фаворизираниот Американец Френсис Тиафо.

Нивниот осминафинален натпревар е закажан за утре во 12:30 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ чека разврска во Шангај: еден меч може многу да му го одреди патот кон Торино

Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе биде 11-ти во трката за Завршниот мастерс, а исходот од фин…