Дома Фудбал Германија Познато колку пари ќе наплати Тухел од Баерн Минхен

Познато колку пари ќе наплати Тухел од Баерн Минхен

Германскиот тренер Томас Тухел на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен, но добро ќе го наплати заминувањето од баварскиот гигант.

„Баерн и Томас Тухел заеднички одлучија да го прекинат работниот однос, кој првично требаше да трае до 30 јуни 2025 година, една година порано на 30 јуни 2024 година. Ова е резултат на конструктивна дискусија помеѓу извршниот претседател на клубот Јан-Кристијан Дрисен и Томас Тухел“, објави Баерн на крајот на февруари.

Сега е откриено колку Тухел ќе добие за раскин на договорот. Баерн ќе му ја исплати целата годишна плата, односно 10 милиони евра.

Тухел минатата година дојде во Баерн на местото на Јулијан Нагелсман и оттогаш германскиот гигант игра далеку под очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите на Челси го нападнаа својот голман: Бараат да биде веднаш продаден!

Челси ја отвори новата сезона во Премиер лигата со победа од 3:2 против Фулам, но натпрева…