Дома Фудбал Италија Познато колку ќе паузира Дибала

Познато колку ќе паузира Дибала

Повредата на Пауло Дибала не е од сериозна природа, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинецот го повреди коленото на вчерашната победа на Рома на гостувањето кај Каљари (4:1), а денешните прегледи покажаа дека лигаментите не се оштетени, што е добра вест за тренерот Жозе Мурињо.

Се очекува Дибала да паузира околу 20 дена, како и да му биде на располагање на Португалецот за последниот меч овој месец, против Интер на „Џузепе Меаца“, на 29 октомври.

Дибала поради повредата нема да патува на собирот на аргентинската репрезентација, ќе ги прескокне натпреварите во јужноамериканските квалификации за СП против Парагвај и Перу, а ќе го пропушти и дуелот на Рома со Монца, кој ќе биде одигра на 21 октомври на „Олимпик“ во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голгетерот кој даде над 400 гола во кариерата стана хит – играше фудбал со деца на локално игралиште (Видео)

Видео снимка која го прикажува Пјер Емерик Обамејанг, новиот напаѓач на Депортиво Ла Коруњ…