Дома Фудбал Англија Познато колку ќе паузира Алисон?

Познато колку ќе паузира Алисон?

Oдличниот голман на Ливерпул, Алисон Бекер се повреди после само 38 минути игра во првото коло против Норвич, натпревар кој Ливерпул го доби со 4:1.

Алисон беше заменет од Адриан, а Јирген Клоп после натпреварот не даде оптимистична прогноза.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега „Дејли Мејл“ пишува дека на Алисон му се заканува пауза од месец ипол. Во тој слулај одличниот голман би ги пропуштил натпреварите од европскиот Суперкуп во среда против Челзи уште пет првенствени натпревари, помеѓу кои се и две дерби средби со Арсенал и Челзи.

Освен тоа тој не би бил во конкуренција за настап за првиот натпревар од Лигата на шампионите каде што Ливерпул ќе го брани трофејот.

Ливерпул „Ехо“ открива дека поради повредата на Алисон и поради тоа што Ливерпул остана само со една голманска алтернатива Клоп сериозно размислува да му понуди краток договор на ветеранот Ендри Лонерган.

Тој за два месеци ќе наполни 36 години, а последен пат бранеше во сезоната 2015/2016 во Фулам после што стана познат како лојална резерва. Во тоа својство Клоп го повика на американската турнеа на која Лонерган бранеше едно полувреме против Севиља.

Иако преодниот рок е завршен Ливерпул може да го доведе Лонерган затоа што тој е без клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…