Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста нема среќа со повредите откако се пресели во Јувентус во 2017 година.
Коста веќе пропушти скоро 40 натпревари во дресот на „Старата дама“ поради најразлични повреди, а новата ја заработи на натпреварот против Верона минатиот викенд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој го напушти теренот на 20 минути пред крајот, поради проблеми со мускулите и нема да биде на теренот помеѓу 15 и 20 дена.
Тоа значи дека тој сигурно ќе го пропушти натпреварот во Купот на Италија против Милан, кој е закажан за три дена, и средбите во Серија А против Бреша и СПАЛ. Коста ќе биде под знак прашалник и за првиот натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лион.
Оваа сезона Бразилецот започна само на седум натпревари во сите натпреварувања, а главната причина се бројните повреди.