Дома Фудбал Франција Познато колку пари ќе изгуби Меси поради казната од ПСЖ

Познато колку пари ќе изгуби Меси поради казната од ПСЖ

ПСЖ го суспендираше Лионел Меси поради неговото ненајавено патување во Саудиска Арабија без да добие дозвола. Аргентинецот нема да биде на терените две недели и за тој период ќе му биде скратена платата.

Во Париз очигледно сакаа да покажат дека клубот е над секого и дека правилата важат за сите. Меси во Саудиска Арабија отпатува по поразот од Лориент (3:1) иако тренерот Галтие ги укинал двата слободни дена и закажал тренинг на кој Меси не се појавил.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според неговата годишна плата од 35 милиони евра, Меси со казната веројатно ќе изгуби околу 1.6 милион евра.

Меѓутоа она што е поважно е што овој договор според кој заработува 800.000 евра неделно му истекува на крајот од сезоната и се погласно се најавува дека нема да биде продолжен.

Ако претходно во прашање се доведуваше само желбата на Меси, по ваквиот потег на Аргентинецот „Л’Eкип“ објави дека и ПСЖ не сака да го задржи Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …