Дома Фудбал Италија Познато колку Кедира ќе биде надвор од терените поради проблемите со срцето

Познато колку Кедира ќе биде надвор од терените поради проблемите со срцето

khedira

Во текот на вчерашниот ден Јувентус имаше непријатно изненадување за своите фанови кога објави дека Сами Кедира ќе го пропушти натпреварот против Атлетико Мадрид поради проблеми со срцето.

Ваквата вест поради случувањата во послените години на фудбалските терени ги загрижи навивачите на „старата дама“. Масимилијано Алегри на конференцијата пред вечерашниот натпревар против Алтетико Мадрид потврди дека на Кедира ќе му бидат направени дополнителни прегледи во Торино.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Денес тоа и се случи и од таборот на Јувентус доаѓаат добри вести за здравјето на германскиот фудбалер.

Како што се открива Кедира бил подложен на електрофизиолошка и успешна интервентна терапија и на нормалните активности како тренирањето и играњето фудбал ќе може без проблеми да им се врати за околу еден месец.

Кедира ова сезона зад своето има 15 натпревари на кои постигна два погодоцои.

Ако се оди според планираното Кедира ќе ги пропушти следните шест натпревари вклучувајќи го двомечот со Атлетико Мадрид, но и гостувањето кај второпласираниот тим на табелата во Серија А, Наполи.

Кедира во својата кариера освен за Јувентус настапуваше уште за Реал Мадрид и Штудгарт каде што ја започна кариерата. Во Шпанија помина пет години (2010-2015) пред да направи трансфер во италијанскиит шампион.

Во дресот на репрезентацијата на Германија Кедира настапи на 77 натпревари и седум пати се запиша во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …