Светската фудбалска федерација во соработка со големите европски клубови, пред се Ливерпул и Манчестер Јунајтед започнала проект за формирање на Европска Премиер лига.
Европската Премиер лига ќе ги вклучува најголемите европски клубови, кои за почеток ќе имаат на располагање финансиски проект од 6 милијарди евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Целиот проект го поддржува ФИФА, а моментално се водат преговори со повеќе од 12 клубови од Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франција.
Се очекува лигата да брои 18 клубови и да се игра во „класичните термини за европски фудбал“, а почетокот е планиран за 2022 година.
Листата на потенцијални учесници е навистина импресивна и изгледа вака:
Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем од Англија, потоа Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид од Примера, како и ПСЖ, Јувентус, Милан, Интер и Баерн Минхен.
Најдобрите четири тима ќе играат плеј-оф завршница, а секој клуб ќе добие награден фонд од неколку стотина милијани евра во зависност од пласманот.