Дома Останати Тенис Познато кога Ѓорческа ќе го игра првиот меч во квалификациите за Австралија Опен

Познато кога Ѓорческа ќе го игра првиот меч во квалификациите за Австралија Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по полноќ по македонско време (или околу пладне по австралиско време) ќе го игра мечот од првото коло од квалификациите на Австралија опен во Мелбурн.

Противничка на Ѓорческа е полската тенисерка Катарзина Кава (31.година). Мечот ќе се игра на теренот број 13 и е предвиден како втор од програмата. Првиот меч на овој терен треба да почне во 10 часот по локално време или на полноќ по македонско време.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На првиот ден од квалификациите – понеделник поради дожд не се одигра ниту еден меч.

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Ѓорческа и Кава. Ѓорческа 2017 година беше на чекор од пласман на главниот турнир, откако загуби во третото коло од квалификациите, додека полската тенисерка досега имала три настапи во квалификациите на Австралија опен и три порази во првото коло.

Се очекува и Македонци кои живеат во Мелбурн, да го следат мечот и да и дадат поддршка на македонската тенисерка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Се подготвува нешто спектакуларно: Ѓоковиќ и Роналдо! (Фото)

Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо очигледно подготвуваат големо изненадување, само сè ушт…