Ова беше втора повреда оваа сезона, па од можни 12 натпревари за Реал Мадрид настапи на само пет.
Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ се опорави од повредата поради која ги пропушти последните два натпревари за Реал Мадрид, против Мајорка и Галатасарај, па на теренот би требало да се врати за седум дена, кога на распоредот е следниот натпревар против Леганес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Модриќ во среда тренираше со соиграчите во клупскиот спортски центар. Тоа му беше прв тренинг со екипата од 13. октомври кога заработи повреда на натпреварот помеѓу Хрватска и Велс.