Дома Фудбал Познато кога Ибра се враќа на терените

Познато кога Ибра се враќа на терените

Напаѓчот на Милан, Златан Ибрахимовиќ добро се рехабилитира од повредата и се очекува да се врати порано од очекуваното.

Италијанските медиуми тврдат дека Ибрахимовиќ ќе биде спремен за дербито со Рома кое на програмата е на 28-ми јуни.

Се очекува утре ветеранот да оди на нови детални прегледи, но тешко е да се поверува дека ќе биде спремен за дуелот со Лече следниот понеделник.

Лекарскиот тим на Милан нема да му дозволи на Ибра да биде на терен на 22-ри јуни против Лече, иако самиот фудбалер инсистира да игра на тој меч.

Добрата вест за „росонерите“ е дека Ибра брзо се опоравува и сигурно ќе биде спремен за дербито со Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл губи чекор, а играчите бараат појасни насоки од Јајсле

По домашниот пораз од Евертон со 0-1, се појавија информации дека дел од фудбалерите на Њу…