Никој од челниците на Барселона се нема огласено во однос на случувањата околку неуспешниот проект на Суперлигата.
Реал Мадрид и Барселона се единствените клубови кои се уште не се огласиле во однос на Суперлигата, останатите 10 клуба веќе потврдија дека се повлекуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона не сака да се огласи се додека не се донесе одлука од Извршниот одбор.
Како што се наведува, претседателот Лапорта и раководството на Барса се во постојан контакт со сите вклучени страни.
Во договорот кој го потпишала Барселона стои дека конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор, па сега се чека конечна одлука.