Комеморацијата за Коби Брајант, неговатаќ ерка и уште седумте лица загинати во хеликоптерската несреќа ќе се одржи на 24 февруари, пренесуваат американските медиуми.
Легендарниот кошаркар и неговата ќерка заедно со уште седум лица загинаа во падот на хеликоптерот на 50-тина километри западно од Лос Анџелес на пат на кошаркарски турнир за девојчиња.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Лос Анџелес Тајмс“ објави дека комеморацијата ќе биде одржана на 24 февруари повикувајќи се на анонимни извори. Причината поради што семејството се одлучило за овој датум е што Џиана во текот на кратката кариера го носеше дресот со број 2, а Коби 24 (02.24). Исто така се наведува дека ќе се одржи во „Стејплс Центарот“.
Коби во „Стејплс Центарот“ настапуваше 20 години и поради тоа сопругата Ванеса се одлучила за ова место. Претходно се шпекулираше дека може да се одржи во Олимпискиот стадион „Меmorial Colloseum“ кој може да прими и 80.000 луѓе.
Влезниците за комеморацијата не се пуштени во продажба, но се најавуваа дека ќе биде прилично скапи бидејќи „Стејплс Центарот“ ќе може да прими нешто повеќе од 19.000 луѓе.
Ова не би било прв пат „Стејплс Центарот“ да се користи за вакви настани, претходно во истата арена се одржаа комеморации за Мајкл Џексон и Нипси Хусле.