Дома Македонски спорт Мак фудбал Познатни четвртфиналните парови од Купот на Македонија: Вардар против Шкендија?

Познатни четвртфиналните парови од Купот на Македонија: Вардар против Шкендија?

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналните парови од Купот на Македонија.

Актуелниот освојувач на Купот, тимот на Пелистер за противник во четвртфиналето ја има Победа, додека единствениот второлигаш Тетекс ќе игра против Академија Пандев.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Шкендија пак во четвртфиналето ќе игра против подобриот од осминафиналната средба помеѓу Вардар и Шкупи, што веројатно најавува и нова пресметка на големите ривали, доколку тимот од Чаир не направи изненадување.

Во последниот четвртфинален пар силите ќе ги одмерат Ренова и Скопје.

Првите натпревари се закажани за 8 ноември, реваншите ќе се играат на 29 ноември. Исклучок се дуелите меѓу Шкендија и Шкупи или Вардар кои ќе се играат на 17 декември и 21 февруари 2018 година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…