Со завршените натпревари изминатата вечер во НБА лигата познати се и сите плеј-оф двојки.
Денвер изгуби од Лејкерси со 141:146 и остана на шестата позиција. За овој натпревар тренеротн а Денвер Мелоун ги одмараше стартерите, па така Никола Јокиќ не настапи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Слична беше ситуацијата и кај Лејкерси кои играа без најдобрите. Лејкерси уште претходно ги загубија шансите за место во плеј-офот и оваа победа беше последен натпревар за тренерот Френк Фогел, Американците очекуваат да биде објавен отказот после разочарувачката сезона.
Тимот на Денвер пак остана шести, меѓутоа и со победа немаше да оди понапред затоа што Јута лесно се справи со портланд. Јокиќ и друштвото така во првото коло од плеј-офот ќе одат меч против Вориорси.
ПЛЕЈ-ОФ ДВОЈКИ:
12 април: Бруклин – Кливленд (1)
12 април: Минесота – ЛА Клиперс (2)
13 април: Атланта – Шарлот (3)
13 април: Њу Орлеанс – Сан Антонио (4)
15 април: победник 1 – победник 3
15 април: победник 2 – победник 4