Фудбалската сезона е на самиот крај, а освен планираните одмори, клубовите кои ќе играат европски квалификации во текот на летото веќе треба да се подготвуваат.
Македонија Ѓорче Петров, Шкендија и Шкупи ќе биде македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига. Поради подобриот европски кофициент, Шкендија и Шкендија се во групата на носителите, а „лавовите“ во групата на неносители.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Така Шкендија и Шкупи би можеле да добијат условно кажано „полесен“ противник, но секако тоа не мора ништо да значи.
МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА ШКЕНДИЈА И ШКУПИ:
Жилина (Словачка), Торпедо Кутаиси (Грузија), Викингур (Исланд), Сент Патрик (Ирска), Влазнија (Албанија), Гниљане (Косово), Викингур (Ф. Острови), Дери Сити (Ирска), Паневезис (Литванија), Хонка (Финска), Железничар (БиХ), Балзан (Малта), Паиде (Естонија), Тирана (Албанија), Зимбру (Молдавија), Дуѓанџини (Косово), Хака (Финска), Дила Гори (Грузија), Биркиркара (Малта), Гленторан (С. Ирска), Хегелман (Литванија), Ислоч Минск (Белорусија), Акурјери (Исланд), Егнатија (Албанија), Пениболт (Велс), Хаверфордвест (Велс), Магпис (Гибралтар), Арсенал Тиват (Ц. Гора), Виртус (Сан Марино), Космос (Сан Марино).
МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:
Дуделанж (Луксембург), Рига (Летонија), Марибор (Словенија), Линфилд (С. Ирска), Вадуц (Лихтенштајн), Дунајска Стреда (Словачка), Дандалк (Ирска), Алашкерт (Ерменија), Сутјеска (Ц. Гора), Сарајево (БиХ), РФС (Летонија), Тобол (Казахстан), Б36 Торшавн (Ф. Острови), Арарат (Ерменија), Гзира (Малта), Левадија Талин (Естонија), Динамо Минск (Белорусија), Коханс (Велс), Милсами (Молдавија), Торшавн (Ф. Острови), Европа (Гибралтар), Домжале (Словенија), Санта Колома (Андора), Прогрес (Луксембург), Динамо Батуми (Грузија), Интер Клуб Ескаладес (Андора), Крусадерс (С. Ирска), Дрита (Косово), Пјуник/Урарту (Ерменија).