Дома Останати Кошарка НБА Познати детали од несреќата: Пилотот добил предупредување дека прениско лета

Познати детали од несреќата: Пилотот добил предупредување дека прениско лета

Пилотот на леталото со кое загина кошаркарската легенда Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум луѓе добил предупредување од надлжените служби дека лета премногу ниско пред хеликоптерот да се сруши во ридовите од Калабасас, Лос Анџелес. Во тие моменти пилотот летал со брзина од речиси 300 километри на час, јави „Њујорк Пост“.

„Се уште сте прениско за летање по вакво време, му било кажано на пилотот на хеликоптерот“, што е регистрирано на аудиоснимка од контролната кула.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Извори од воздухопловни кругови изјавиле дека времето во околината на Лос Анџелес, каде се случи несреќата, било многу магливо и оти повеќето хеликоптери биле приземјени.

Пилотот на хеликоптерот на Коби Брајант планирал да слета на аеродромот Бурбанк, но кружел околу 15 минути чекајќи дозвола за слетување поради лошите временски услови и други летала кои требало да слетаат на аеродромот.

Кусо време пред несреќата пилотот го кренал хеликоптерот на повеќе од 600 метри, а потоа се урнал на висина од околу 500 метри.

Податоците за летот покажуваат дека брзината на хеликоптерот била речиси 300 километри на час.

Извор за „Њујорк Пост“ рекол дека хеликоптерот на Брајант имал два мотора и оти не би се урнал ако му откажал едниот мотор.

„Ваквите несреќи се случуваат затоа што пилотот губи чувство во просторот. Со оглед на остатоците на местото на несреќата, изгледа дека се удриле во планината со предниот дел од хеликоптерот“, рекол изворот.

Тој додаде дека хеликоптерот на Кобе бил стар 20 години, а станува збор за типот Sikorsky S-76. Со таквите хеликоптери најчесто управуваат двајца пилоти, додаде тој, но вчера со леталото управувал само еден пилот.

– Веројатно летал потпирајќи се на она што го гледа, а не на инструментите кои ја надгледуваат висината на летањето, рекол изворот.

Иако причината за падот на хеликоптерот се уште се истражува, причината би можело да биде лошото време.

Метеорологот на Си-Ен-Ен Мајкл Гај рече дека во моментот кога паднал хеликоптерот, видливоста била многу лоша. Имало многу магла.

– Влажноста на воздухот била 100 проценти, а тоа значи дека воздухот бил како супа, рече тој.

Лошите временски услови ги потврди и полицијата на Лос Анџелес.

– Временските услови во неделата претпладне не ги задоволуваа минималните услови за летање пропишани од полицијата на Лос Анџелес, изјави за Си-Ен-Ен полицискиот портпарол Џош Рубенстајн.

Шерифот на округот Лос Анџелес Алекс Вилануева изјави дека истрагата би можела да трае со недели. Воведена е забрана за летање на подрачјето каде што се случи несреќата, а тоа подрачје е оградено и на земја.

Несреќата се случила во близина на станбена населба, додаде Вилануева.

– Истрагата е логистички кошмар затоа што до местото на несреќата нема добар пристап, рече тој и додаде дека многу обожаватели на Кобе пристигнале на местото на несреќата што дополнително претставува „логистички кошмар“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…