Лионел Меси може да пристигне во Манчестер Сити како слободен агент, но тоа не значи дека „граѓаните“ нема да потрошат голема сума за неговиот потпис.
Веќе се појавија детали од понудата на Сити кој на Меси му нуди 5-годишен договор од кои три да ги помине на „Етихад“, а останатите две во Њујорк Сити, клуб кој ги има истите сопственици.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ откри каква сума ќе добие Меси за тие пет години. Станува збор за неверојатни 750 милиони евра. Аргентинецот ќе зема плата од 100 милиони евра бруто по сезона.
Останатите 250 милиони ќе му бидат дадени во форма на бонуси, доколку пристигне во Манчестер Сити како слободен агент. Бидејќи финансискиот фер-плеј нема да дозволи таа сума да му биде дадена веднаш, Меси ќе ги добие тие пари кога ќе се пресели во МЛС лигата.
Messi reported to have been offered a 5 year contract worth 750 million euros with Man City (3 in England, 2 with New York City). Even at 33, he's one of the very best in the world but no footballer is worth that kind of money. https://t.co/M5imKvwfBK
— sixthofaugust1966 (@DKMacPhee) August 30, 2020