Англискиот клуб веќе се збогува со Јирген Клоп, кој претходно изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул.
Тоа го поттикна раководството на клубот да бара замена, а изборот падна на Арне Слот, кој треба да пристигне по завршувањето од сезоната од Феенорд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во врска со таа преселба, клубовите се договорија претходните неколку дена, не долго откако самиот Слот призна дека преговараат и дека сака да биде на клупата на „црвените“.
Во меѓувреме беа откриени деталите за тој трансфер, па Фабрицио Романо најавува дека се може да биде официјализирано и наредната недела..
Познато е и дека Ливерпул ќе плати девет милиони евра, плус уште два милиони на Слото, а целиот пакет би требало да го чини околу 13 милиони.
Условите за плаќање се за една година, а како сигурен дел од стручниот штаб на Слот засега се споменуваат Сипке Хулшоф и Рубен Петерс. Слот минатата година ја освои титулата со Феенорд во Холандија, но оваа година не успеа да ја одбрани.
🔴🔐 Liverpool and Feyenoord have prepared all the documents for Arne Slot deal to be completed.#LFC will pay €9m plus €2m for Slot, total package with backroom staff in excess of €13m. Payment terms: one year.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 28, 2024
Sipke Hulshoff and Ruben Peeters will be part of Slot's staff. pic.twitter.com/EMokPKlSO7