Златан Ибрахимовиќ се откажа од договорот во Манчестер Јунајтед за да потпише за Лос Анџелес Галакси, но таа свота не е единствена која одличниот шведски напаѓач ја „испушти“ за да заигра за клубот од МЛС лигата.
Како што откри техничкиот директор на Галакси, Јован Кировски, Ибрахимовиќ по повредата на коленото одбил повеќегодишна понуда од Кина тешка 100 милиони долри. Пред повеќе од една недела потпиша двегодишен договор со клубот од ЛА вреден 3 милиони долари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кировски откри како изгледал договорот со Ибрахимовиќ, односно со неговиот агент Мино Раиола, кога првпат била понудена цифрла од милион и половина долари, што е единствена сума на пари со која поради ограничувања во МЛС лигата, Галакси мораше да управува.
„Првиот договор на Раиола беше: Дали сте сериозни? Но Ибра одлучи дека парите не му се потребни во оваа фаза од кариерата“, истакна Кировски.
Директорот на Галакси, исто така истакна дека првпат со Ибрахимовиќ стапил во контакт додека го носеше дресот на ПСЖ, а потоа и во ЛА, каде изградија одличен однос, а потоа Ибрахимовиќ пред четири месеци потврди дека ќе дојде.
„Но, додека не потпиша, сешто можеше да се случи. Кога официјално потпиша, конечно можевме лесно да дишеме“, истакна Кировски.