Дома Фудбал Репрезентации Познати градовите домаќини на ЕУРО 2024

Познати градовите домаќини на ЕУРО 2024

Европското првенство во 2024 година во фудбал ќе се одржи во Германија.

Квалификациите за ова натпреварување започнуваат во март 2023 година, а УЕФА денес ги официјализираше и градовите домаќини. Европското првенство во Германија ќе се игра во десет градови и тоа во: Берлин, Хамбург, Лајпциг, Дизелдорф, Франкфурт, Дортмунд, Гелзенкирхен, Франкфурт, Штутгарт, Келн и Минхен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Значи, во прашање се градови кои беа домаќини на Мундијалот во 2006 година, меѓутоа овој пат домаќинство не добија Кајзерслаутен и Нирнмберг.

Oтварањето ќе биде на 14. јуни на „Алијанц Арената“ во Минхен, додека финалето ќе се игра на Олимпискиот стадион во Берлин. На првенството ќе настапат 24 најдобри европски селекции кои ќе бидат распоредени во шест групи со по четири тимови. Титулата на турнирот ја брани Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…