Ѕвездата на Манчестер Сити, Берардо Силва ќе биде примарна трансфер цел на ПСЖ ова лето, пренесуваат француските медиуми.
Португалецот и минатото лето беше блиску до заминување од Манчестер Сити, но Барселона не можеше да ја плати сумата која ја бараа „граѓаните“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бернардо Силва е спремен на лето да ја промени средината, а ПСЖ сака да го „украде“ пред носот на Барселона, која покажува силен интерес за неговиот потпис.
ПСЖ сака на лето да се ослободи од Нејмар, иднината на Меси е неизвесна, па ќе направи се да го донесе Португалецот во Париз.
„Светците“ нема да имаат проблем да ја платат сумата од 80 милиони фунти, колку што бара Манчестер Сити за неговата слобода.
Мбапе лично побарал од раководството да го доведе Португалецот, со кого е голем пријател и соработуваа одлично во Монако.
🚨 PSG have made Bernardo Silva their priority transfer target for the summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 21, 2023
The Portuguese star wants to leave Manchester City, but has a preference for Spain.
(Source: @MatteMoretto ) pic.twitter.com/274lyzapOd