Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол ќе биде примарна трансфер цел на Манчестер Сити на лето.
Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Граѓаните“ сакаат да ја победат конкуренцијата и спремаат понуда која не се одбива. Имено, понудата со вклучени бонуси може да достигне неверојатни 110 милиони евра.
Познато е дека Челзи долго време е заинтересиран за дефанзивецот , а силен интерес покажува и Ливерпул.
Меѓутоа, Пеп Гвардиола го посочил Хрватот како примарна трансфер цел и Сити нема да жали пари да го донесе на „Етихад“.
🚨 Joško Gvardiol is one of Manchester City's priority targets for this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 14, 2023
Chelsea and Liverpool are also interested in the Croatian centre-back. 🇭🇷
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/lgcTumLvXe