Примарна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе го наследи Златан Ибрахимовиќ.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за францускиот напаѓач, Маркус Турам.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
24-годишниот Французин ќе ја напушти Борусија Мехенгладбах како слободен агент, а има понуда и од ПСЖ.
Милан се вклучил во трката и го убедува Турам дека ќе биде важен дел од проектот, па преговорите се во поодмината фаза.
„Росонерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата, бидејќи Турам е најголема желба на тренерот Пиоли.