Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен централен напаѓач, пренесуваат медиумите на Островот.
Едисон Кавани на лето ќе го напушти клубот, Марсијал најверојатно ќе биде продаден кога ќе му заврши позајмицата, а клубот повеќе не смета на Мејсон Гринвуд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа клубот сака да донесе врвен напаѓач, а најголема желба е Хари Кејн од Тотенхем.
Не е тајна дека Маурисио Покетино од лето може да седне на клупата на „црвените ѓаволи“, а тој ќе инсистира да биде доведен Хари Кејн на „Олд Трафорд“.
Двајцата имаа одлична соработка во Тотенхем и Кејн е спремен да се пресели во Манчестер Јунајтед за повторно да работи со Аргентинецот.