Дома Фудбал Останато Познатата Инстанбулска ноќ: Сисе ја откри пораката на Џерард на полувремето

Познатата Инстанбулска ноќ: Сисе ја откри пораката на Џерард на полувремето

liverpool

25 мај 2005 година секогаш ќе биде датум кој кај навивачите на Ливерпул ќе буди посебни емоции.

Секако навивачите се горди на сите трофеи во богатата историја, но таа ноќ во Инстанбул се случи нешто посебно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Водеше Милан со 3:0 на полувремето откако погодуваа Паоло Малдини и Хернан Креспо (2) и поголемиот дел од фудбалскиот свет веројатно во тој момент сметаше дека „росонерите“ имаат недостижна предност.

Милан изгледаше сигурно, а Ливерпул немоќно во првите 45 минути, па никој не можеше да претпостави каква драма ќе следи.

Она што се случувало на полувремето во тие 15 минути секогаш ги интересираше навивачите на „црвените“.

Џибрил Сисе зборуваше и минатата година, но сега за „РМЦ Спорт“ ја откри пораката која Џерард им ја пренел на соиграчите.

„Стиви стана и кажа дека Ливерпул е се што има, дека живее за овој клуб и дека сака да го зголеми бројот на трофеи во просториите на клубот. Ни зборуваше и дека ако го почитуваме и сакаме како капитен дека мораме да се вратиме во натпреварот. Тој потоа го постигна првиот гол, избори пенал, одигрува чудесно полувреме и го завршува натпреварот како десен бек“.

„Одигра луд и фантастичен натпревар, но јас секогаш тој натпревар ќе го паметам по неговиот говор на полувремето“, открива Сисе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…