Дома Фудбал Останато Позитив и победник на денот: Куче асистент на прв тренер, го следи буквално секаде! (ФОТО)

Позитив и победник на денот: Куче асистент на прв тренер, го следи буквално секаде! (ФОТО)

Една од најинтересните, луди приказни, ни доаѓа од Паргвај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „асистент“ на главниот тренер на парагвајскиот Спортинг клуб 2, Карлос Јара Сагуер е Таспаро и тука не би било ништо чудно ако Теспаро не беше – куче!

Јара на медиумите им објасни како се започнало.

„Му дадов парче пита и од тој ден секогаш кога доаѓам на работа ме поздравува и не сака да се одвои од мене. Тој е чувар на клубот, живее овде, кога се затворени капиите изгледа застрашувачки, но преку ден е многу дружељубив“, изјави тренерот на споменатиот клуб.

Кучето по има Теспаро редовно го следи тренерот и при водењето на тимот покрај аут линијата, но и при давањето интервјуа.

„Едноставно не сака да се одвои од мене. Тој ми е партнер во сите авантури кои ги имам во овој клуб“ заврши Сагуер.

kuce asistent

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како гром од ведро небо: Артета договори засилување за Арсенал

Арсенал договори ново засилување за претстојната сезона, а се работи за францускиот голман…