Дома Фудбал Репрезентации Поднесена кандидатурата: Германија го сака Европското првенство во 2024!

Поднесена кандидатурата: Германија го сака Европското првенство во 2024!

После СП во 2006 година, Германците го сакаат европскиот турнир.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Германскиот фудбалски сојуз денес поднесе кандидатура до УЕФА за организација на Европското првенство во 2024 година.

Германците кандидатурата ја испратија на три дена пред истекот на рокот, а се очекува противкандидат да им биде Турција.

Поранешниот капитен на репрезентацијата, Филип Лам кој играше на Мундијалот организиран од Германија во 2006 година е избран за амбасадор на кандидатурата за турнирот.

„Ние сме космополитски домаќини, имаме добри стадиони и инфраструктура. Фудбалот кај нас е како дома“, изјави Лам за сајтот на УЕФА.

Претходно Европското првенство во 2020 година за прв пат ќе се одржи во 12 градови ширум Стариот континет – Глазгов, Даблин, Лондон, Билбао, Рим, Минхен, Амстердам, Букурешт, Будимпешта, Санк Петерезбур и Баку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Петиција против Мбапе го руши интернетот: Повеќе од 10 милиони луѓе бараат моментален отказ

На социјалните мрежи се појави масовна онлајн петиција каде навивачите на „кралскиот клуб“…