Во рамки на 16. коло во англиската Премиер лига, Ливерпул на „Енфилд“ го пречека својот градски ривал, Евертон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Апсолутно израмнето дерби, по еден погодок во мрежата на двете екипи, по еден погодок во секое од двете полувремиња.
Прв до погодок дојде Ливерпул во 42. минута благодарение на Салах, кому фантастично му асистираше Гомез.
Во второто полувреме, благодарение на прекршокот во противничкиот шеснаесетник, беше досуден пенала за гостите. Руни сигурно поентираше и ги постави конечните 1:1 на крајот од мечот.