Дома Фудбал Англија Подготвен уште еден „шут“ за Биг Сем: Се подготвува реконструкција во Евертон

Подготвен уште еден „шут“ за Биг Сем: Се подготвува реконструкција во Евертон

Евертон подготвува нова летна реконструкција која ќе биде спроведена без сегашниот тренрр, Сем Алардајс.

Популарниот Биг Сем е под голем притисок на „Гудисон Парк“ во последните недели, а Плавите бараат помлад тренер, некој како Фонеска од Шахтјор кој исплива во прв план како главен кандидат.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Британски Мирор пишува дека поголемиот сопственик Фарад Мошири посакува нови промени, како и претседателот Бил Кенрајт кој го поддржува. Нивниот прв чекор ќе биде доведување на трансфер гуру на ПСВ Ајндховен, Марсел Брандс што е веќе најавено во јануари, а тоа ќе значи и отказ за сегашниот директор Стив Волш.

Евертон изминатото лето потроши големи пари во преодниот рок, но тоа не помогна клубот да се вмеша во битката за врвот на табелата. Не помогнаа ниту Тосун и Тео Волкот кои беа засилувања во зимскиот преоден рок.

Сем Алардајс на крајот на ноември изминатата година го презеде Евертон додека беа во опасната зона и го извлече од непријатната позиција, па сега се на солидното деветто место во ПЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…