Oле Гунар Солскјер и Манчестер Јунајтед денес доживеаа уште еден удар, Манчестер Сити ги победи во градското дерби со 0:2.
Можеше ова веројатно да биде и поубедлива победа, Сити издоминира во првото полувреме, но во второто изгледаше како да подзастана и го чуваа својот гол, Јунајтед не создаде ниту една сериозна прилика.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бројките на Јунајтед сезонава се и тоа како лоши. После победата над Њукасл на дебито на Роналдо, Јунајтед на свој терен има три порази и прими дури 10 голови. Посебно катастрофално звучи еден податок од денешниот натпревар.
Денес против Сити Јунајтед имал верувале или не повеќе удар кон сопствениот гол (2), отколку кон голот на ривалот (1). Овој податок во исто време може да покажува два поразителни факти – лоша е и одбраната и нападот!
Единствениот удар во рамките од голот на Сити го упати Роналдо. Од друга страна Ерик Баи си постигна автогол, а Де Геа еднаш мораше да интервенира и после една лоша интервенција на Линделоф.