Oдличниот тренер на Брентфорд, Томас Франк стави потпис на нов договор и според истиот ќе остане во клубот до јуни 2027 година.
Во денешниот фудбал навистина ретки се тренерите со долг престој во еден клуб, а Франк може да се пофали со такво нешто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За првпат во Брентфорд пристигна во 2016 година како помошен тренер, а за прв тренер беше промовиран во 2018 година.
Според новиот договор тој ќе остане во клубот до 2027 година и доколку ги исполни обврските ќе има стаж поголем од десет години во англискиот клуб.
„Веќе тука сум вкупно шест години и тоа е навистина долг период во модерниот фудбал. Им благодарам на навивачите за поддршката која ни ја даваат, исто така благодарен сум на сите во клубот“, изјави Франк.
Брентфорд во овбој момент е на средината на табелата во англиската Премиер лига, на 10-тата позиција.
✍ We're delighted to announce that Thomas Frank has signed a new contract through to the summer of 2027#BrentfordFC
— Brentford FC (@BrentfordFC) December 24, 2022