Синоќа се одигра финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ. Фудбалерите на САД во последната пресметка како домаќини во Тексас ги совладаа Мексиканците со резултат 2:0 и ја освоија титулата за најдобар тим во Северна и Централна Америка и на Карибите.
Решавачките голови ги постигнаа играчите од средниот ред Тајлер Адамс и Џовани Рејна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Посебно спектакуларен беше голот на Адамс, членот на англискиот Борнмаут. Во 45. минута, шутираше од речиси 30 метри, а поради моќта и прецизноста на ударот, дури и легендарниот Гиљермо Очоа беше немоќен во голот на Мексико.
Во 63. минута играчот на Борусија Дортмунд Рејна го реши прашањето за победникот. Американскиот репрезентативец со аргентински корени погоди од одбиена топка по одличниот продор на Кристијан Пулишиќ.
Голот на Адамс погледнете го ТУКА