Дома Топ вести Погледнете како изгледа новата листа на желби на Барселона

Погледнете како изгледа новата листа на желби на Барселона

Шпанскиот клуб Барселона вчера и официјално потврди дека Ернесто Валверде ќе биде новиот тренер, откако на Луис Енрике му истече тригодишниот мандат.

Валверде веќе започнал да работи на реконструкција на Барса и да го подготви тимот за следната сезона, а на клупата на каталонскиот гигант ќе дебитира во шпанскиот Супер Куп, и тоа против лутиот ривал – Реал Мадрид.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Валверде, како број еден засилување го истакна името со кого веќе има работено. Имено, Андер Ерера официјално е најдобар играч на Манчестер Јунајтед, а неговиот поранешен менаџер смета дека токму шпанскиот репрезентативец би бил идеален за засилување на средниот ред.

Барса во последните неколку сезони, со заминувањето на Чави и познатите играчки години на Иниеста, ја загуби надмоќта над Реал Мадрид, па така, Елварде смета дека Ерера би го вратил потребниот баланс во екипата. Вреди да се напомене дека Валверде беше лут на Атлетик бидејќи го продаде Ерера на Јунајтед, а откако седна на клупата на тимот од „Камп Ноу“, може да дојде до повторна соработка.

Следно што поранешниот менаџер на Еспањол и Валенсија сака да го направи е да ја засили одбраната. Барселона претходните сезони направи катастрофални потези со продажбата на Дани Алвеш и со доведувањето на Жереми Матје и Лукас Дињ. Токму позициите централен дефанзивец и десен бек се можеби најслабите карики во каталонскиот тим.

Барса како наследник на Алвеш го гледа Хектор Белерин, репрезентативец на Шпанија. Белерин кариерата ја започна во „Ла Масија“, тој е дете на Барса и тоа ќе биде голема предност за неговото доведување.

За помошник на Тер Штеген се спомнуваат две имиња, голманот на Лацио, Стефан Де Вриј и голманот на Ајакс, Давинсон Санчез. Меѓутоа, доколку се погледне историјата на каталонскиот клуб и соработката со холандските играчи, може да се каже дека е сигурно дека Де Вриј ќе биде прва опција следната сезона да заигра под палците на Ерненсто Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…