Дома Фудбал Италија Погба: Јувентус е број еден во Италија, моето срце ми кажа да се вратам

Погба: Јувентус е број еден во Италија, моето срце ми кажа да се вратам

Попладнево Пол Погба го имаше своето второ претставување во Јувентус од каде што замина пред шест години за 105 милиони евра во Манчестер Јунајтед.

Погба во Јунајтед не успеа да ги исполни очекувањата во целост и никогаш не играше во формата со која го носеше дресот на Јувентус. Сега се врати во ситуација кога Јувентус не е доминатен како во претходните години.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Јувентус сеогаш бил број еден во Италија и затоа е чудно да се види во ситуација како денес. Чудно е да дојдете и да видите дека не сте ја освоиле титулата минатата сезона, но тоа треба да биде дополнителна мотивација за напорно да работиме. Да се освои Скудетото не е лесно, во лигата има силни тимови“.

„За мене се интересираа и други клубови, но моето срце го избра Јувентус. Среќен сум и за годините во Манчестер и се надевам дека сега ќе доприносам за нови успеси. Едвај ја чекам новата етапа со Јувентус“.

„Мораме да бидеме подобри. Првата цел е освојување на Серија А, а ја сонуваме и Лигата на шампионите. Гладни сме за победи“, порача Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…