Дома Фудбал Англија Погба: Сакаме да освојуваме трофеи!

Погба: Сакаме да освојуваме трофеи!

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба синоќа одигра уште една бријлантна партија против Челзи која ја „зачини“ со гол и асистенција.

После натпреварот Погба истакна дека сите на „Олд Трафорд“ сакаат да освојат трофеј оваа сезона. Единствена реална можност за такво нешто е триумф во ФА Купот, каде „црвените ѓаволи“ ќе ги одмерат силите со Вулверхемптон во четвртфиналето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сите турнири се важни. Сакаме да освоиме трофеј оваа сезона. Минатата година не успеавме да освоиме ниту еден трофеј. Оваа сезона сакаме да освоиме нешто“, изјави Погба.

„Мојата работа како играч за врска не е да давам голови, туку да правам асистенции. Сепак, ако имам шанси да постигнувам што повеќе голови тоа ќе биде прекрасно“, додаде Французинот.

Под водство на Солскјер и додека Мурињо беше на клупата Погба е сосема друг играч, а многумина ќе кажат дека Французинот во овие моменти го игра најдобриот фудбал во кариерата.

Од доаѓањето на Солскјер на клупата Погба на 12 натпревари постигна девет погодоци и запиша шест асистенции, а беше избиран и седум пати за играч на натпреварот.

„Ние сме Манчестер Јунајтед и секогаш играме на победа. Солскјер дојде тука затоа ѓто знае дека може да ги оствари своите замисли и ние го поддржуваме и во целост му веруваме. Одигравме одлично против Челзи, запишавме уште една тимска победа, нормално дека сме задоволни. Кога Оле верува во нас, ние веруваме во него и му возвраќаме со играта на теренот.Тимот ми помага да бидам подобар и да го давам најдоброто од себе. Во овие моменти буквално уживаме на теренот“, изјави Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешниот фудбалер на Ливерпул го посрамоти претседателот на Франција 🎥

Францускиот претседател Емануел Макрон учествуваше на хуманитарниот фудбалски натпревар „P…