Дома Фудбал Англија Погба: Подобро е лошо да почнеме, отколку лошо за завршиме!

Погба: Подобро е лошо да почнеме, отколку лошо за завршиме!

Манчестер Јунајтед не се наоѓа во добра форма и запиша два порази на првите три меча во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, најскапиот играч на „црвените ѓаволи“, Пол Погба е оптимист и смета дека во иднина ќе дојдат добрите резултати.

„Никој од нас не може да разбере што се случи. Го почнавме натпреварот многу добро, а потоа брзо примивме два гола. Тоа е бизарно. Сите сме во шок. Меѓутоа, мораме да продолжиме да работиме и да се бориме. Ние сме Манчестер Јунајтед и никогаш не се откажуваме“, изјави Погба.

Иако критиките на фановите се се поголеми, Погба смета дека е подобро лошо да се отвори сезоната, отколку лошо да се заврши.

„Навивачите останаа со нас до самиот крај и благодарни сме на тоа. Жал ни е што ги разочаравме, но не заслуживме ваков пораз. Фудбалот може да биде суров понекогаш. Сепак, подобро е лошо да ја отвориме сезоната, отколку лошо да ја завршиме“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати се условите кои Милан му ги понуди на Ираола

Андони Ираола е прв избор на управата на Милан за да го замени Масимилијано Алегри на клуп…