Дома Фудбал Погба повторно го „пецна“ Мурињо: Јас не сум одбранбен играч!

Погба повторно го „пецна“ Мурињо: Јас не сум одбранбен играч!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа го победија Тотенхем со 1:0, што беше 5-та победа по ред под водство на новиот тренер Солскјер.

Уште една одлична партија прикажа Пол Погба, кој игра како „препороден“ после заминувањето на Мурињо.

Французинот беше во конфликт со „Специјалниот“, а сега не пропушта прилика да го „пецне“ Португалецот.

„Со тактиката и играта која што ја имавме претходно беше тешко да се направи било што. Јас не сум одбранбен играч и драго ми е што Солскјер го сфати тоа. На оваа позиција на која играм сега се чусвтвувам најдобро. Тренерот ми дава инструкции да одам во казнетиот простор и да давам голови. Конечно уживам во играта“, изјави Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…