Пол Погба вчера беше централна фигура во дербито од ФА Купот против Челзи и со гол и асистенција обезбеди победа на „црвените ѓаволи“.
Под водство на Солскјер и додека Мурињо беше на клупата Погба е сосема друг играч, а многумина ќе кажат дека Французинот во овие моменти го игра најдобриот фудбал во кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Погба е вистински лидер на теренот учествува во креирањето акциите, асистира, погодува…
Од доаѓањето на Солскјер на клупата Погба на 12 натпревари постигна девет погодоци и запиша шест асистенции, а беше избиран и седум пати за играч на натпреварот.
После натпреварот со Челзи Погба даде изјава која многумина ќе ја сфатат како провокација до Жозе Мурињо.
„Ние сме Манчестер Јунајтед и секогаш играме на победа. Солскјер дојде тука затоа ѓто знае дека може да ги оствари своите замисли и ние го поддржуваме и во целост му веруваме. Одигравме одлично против Челзи, запишавме уште една тимска победа, нормално дека сме задоволни. Кога Оле верува во нас, ние веруваме во него и му возвраќаме со играта на теренот.
Тимот ми помага да бидам подобар и да го давам најдоброто од себе. Во овие моменти буквално уживаме на теренот“, изјави Погба.
И ова не е прв пат Погба кој беше во лош однос со Мурињо помеѓу редови да испрати порака до поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед.
https://www.youtube.com/watch?v=VL5k4JgcC_I