Дома Фудбал Лига на шампиони Погба не демантира: Враќање во Јувентус? Никогаш не вели никогаш!

Погба не демантира: Враќање во Јувентус? Никогаш не вели никогаш!

pogba

Јувентус и Манчестер Јунајтед вчера играа во Торино во рамките од четврото коло во Лигата на шампионите, а славеше тимот на Мурињо после големиот пресврт во последните минути.

Претходните дена многу се пишуваше за тоа дека Погба би можел да се врати во Јувентус. Вчера Французинот одигра одличен натпревар, а навивачите го дочекаа со големи овации.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Навистина се наежив, малку недостасуваше да заплачам, им благодарам на навивачите и на Јувентус за оваа волшебна вечера“, изјави Погба.

Покрај тоа Погба зборуваше и за негово потенцијално враќање во Јувентус.

„Дали ќе се вратам? Не знам, никогаш не вели никогаш“, гласеше одговорот на Погба кој само ги подгреа гласините.

Ќе потсетиме Погба токму од Манчестер Јунајтед пристигна во Јувентус за сума од 300.000 евра (оштета за тренирањето на „Олд Трафорд), а подоцна се врати на „Олд Трафорд“ за 105 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вакво нешто во Серија А не се случило повеќе од половина век

Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезона…