Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба категорично тврди дека нема никакви проблеми со Жозе Мурињо.
Медиумите веќе подолго време пишуваат за нивната нетрпеливост, а Мурињо во последно време не пропушта шанса да го „бицне“ за неговата лоша форма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не постои проблем меѓу мене и Мурињо. Не сум јас тој кој што го бира тимот, прашајте го тренерот зошто играм малку. Јас само можам да ви кажам дека ги почитувам неговите одлуки“, изјави Погба.
„Дали сакам да заминам од Манчестер Јунајтед? Рано е се уште за разговори околу трансфер, се може да се случи“, дипломатски одговори Французинот.
„Морам да признаам, дека мојот сон е еден ден да играм со Нејмар, Меси или Роналдо, но тоа не значи дека би сакал да се преселам во нивните клубови“, изјави Погба, а медиумите оваа изјава ја протолкуваа како најава за заминување од „Олд Трафорд“.