Дома Фудбал Англија Погба: Мурињо бара да играм како Пирло, а јас сакам да играм понапред!

Погба: Мурињо бара да играм како Пирло, а јас сакам да играм понапред!

Пол Погба ова лето стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, откако за 115 милиони евра од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед.

Сепак, 23-годишниот Французин е мета на критики на почетокот на сезоната бидејќи со своите перформанси не ги оправдува големите пари кои за него ги вложија „црвените ѓаволи“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Погба вели дека тоа се должи на позицијата која ја игра во Јунајтед, тој сака да биде поофанзивен, но Жозе Мурињо од него бара да игра повеќе во дефанзива.

„Мојата моментална работа во Манчестер Јунајтед е постојано да бидам околу топката и да играм за целата екипа, како Андреа Пирло. Тоа не е мој тип на игра и е новина за мене на фудбалскиот терен“, истакна Погба.

„Јас сум играч кој преферира да игра во офанзивата. Тренерот ми дава инструкции, се обидувам да ги следам. Треба да помагам во одбраната, да освојувам топки. Треба да играм поразлично и малку се мачам па ќе ми треба време да се адаптирам“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…