Како што пренесуваат шпанските медиуми, Пол Погба сака да ја продолжи кариерата во Барселона.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и четвртиот најскап платен фудбалер на сите времиња, игра по системот „топло-ладно“ оваа сезона, по повредата имаше неколку солидни дуели на почетокот на годината, но следеше пад во формата, поради кој често е надвор од ростерот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Потполно потфрли и во поразот на Јунајтед од Севиља во осминафиналето во ЛШ, влезе во игра во второто полувреме, направи неколку грешки, делуваше незаинтересирано на теренот.
Се пишуваше дека ви можел да го напушти Јунајтед следното лето, а самиот Французин, според сознанијата на споменатиот шпански медиуми, им соопшти на своите соиграчи дека би сакал да игра во дресот на Барселона покрај Лео Меси.
Некогашниот играч на Јувентус во 2016. година беше блиску до премин во редовите на мадридски Реал, но одлучи да се врати во Јунајтед и игра под Жозе Мурињо, кој тоа лето го направи најскап играч на сите времиња.