Ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда, но клубот сепак ќе извлече некоја полза од тоа, пренесува „Мундо Депортиво“.
Барселона го купи Дембеле од Борусија Дортмунд во 2017 година за 105 милиони евра, плус дополнителни бонуси кои можат да достигнат до 42 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Една од клаузулите за исполнување на бонусите е и одиграните натпревари на Французинот за Барселона. Во моментот во кој Дембеле ќе го изигра 75-от меч за Барселона, клубот ќе треба да и плати на Борусија Дортмунд 5 милиони евра како бонуси.
Интересно е што до сега Дембеле има одиграно точно 74 меча за Каталонците, па така од „Камп Ноу“ ќе „спасат“ 5 милиони евра, барем за оваа сезона.
Доколку Французинот биде продаден на лето, Барселона нема да треба да им ја исплати таа сума на „милионерите“.
Во овие две и пол години Французинот поради повреди отсуствуваше точно 320 дена и пропушти 62 натпревари за Барселона.
? Dembélé ‘paga’ parte del fichaje del ‘9’ al Barcelona
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) February 7, 2020
❌ El Barça no abonará esta temporada al Dortmund los cinco millones en variables pactados por jugar 75 partidos; el francés suma 74
✍️ Lo cuenta @MigRico https://t.co/m5nfOJKFA4 pic.twitter.com/5cAnIeHgrY