Дома Фудбал Италија Повеќе нема време: Сопственикот на Милан мора да плати десет милиони долари до крајот на оваа недела!

Повеќе нема време: Сопственикот на Милан мора да плати десет милиони долари до крајот на оваа недела!

li milan

Како што изгледа ситуацијата во овој момент до крајот на неделата се би можело да биде завршено…

Изгледа дека се ближи крајот на влеењето на Кинезите во Милан и дека Јонгхонг Ли е главната препрека за договор со УЕФА, но и функционирањето на клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сомнителниот кинески бизнисмен е во големи проблеми, одби репрограма, нема пари, уште од минатото лето се зборуваше дека нешто не е како што треба, а Марчело Липи тогаш изјави дека никој од сериозните бизнис луѓе не слушнал за овој „бизнисмен“.

Некои членови на неговото семејство се споменуваа во судски процеси поради измама, а неговиот брат завршил во затвор.

Новинарите забележале празна канцеларија во наводната фима и еден факс во заклучената просторија.

Сега работите изгледа дојдоа до крајот и Ли изгледа нема време за нови игри. Ако овој човек не обезбеди десет милиони долари до крајот на оваа недела ќе го изгуби клубот кој ќе премине во рацете на фондот „Елиот“ од каде што Ли минатото лето зема позајмица.

Тогаш Американците ќе се обидат да пронајдат нов сопственик, но и Ли да уплати десет милиони долари, заедно со Милан мора да плати 300 милиони евра до октомври.

Директорите Фасоне и Мирабели се против сопственикот и сето тоа влијеа на стабилноста на клубот, но и засилувањата. Како и да е ова е можеби и ситуација која многумина ја очекуваа после појавувањето на приказните за нова продажба Милан…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …