Дома Фудбал Побуна во Баерн: Ни ги кратат платите, а прават трансфер од 100 милиони

Побуна во Баерн: Ни ги кратат платите, а прават трансфер од 100 милиони

Баерн Минхен е одлучен во намерата да го донесе најталентираниот германски фудбалер, Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

Хаверц со одличните партии го привлече вниманието од најголемите европски клубови, но Баерн е најблиску до неговиот потпис.

Леверкузен за слободата на Хаверц бара 100 милиони евра со што ќе стане најскапиот германски фудбалер во историјата.

Меѓутоа, таков потег не им се допаѓа на фудбалерите на Баерн, пред се на Томас Милер.

„Талентот кој го има Хаверц е неспоред. Имав прилика да го видам во репрезентацијата, тој е најдобар од својата генерација. Сепак, не можам да разберам некои работи. Парадоксално е да платите 100 милиони евра за нов играч, а истовремено да ги кратите платите на другите фудбалери“, истакна Милер.

Баерн како и многу други европски клубови ги намали платите на фудбалерите за време на пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …