Целиот награден фонд за Европското фудбалско првенство во 2020 година ќе изнесува неверојатни 371 милион евра, соопшти еврпската куќа на фудбалот (УЕФА).
Ова денес и официјално го потврди генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоракис за време на Конгресот на европската фудбалска унија кој се одфржа во Братислава.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вкупниот фонд ќе биде за цели 70 милиони евра поголен од наградниот финд на ЕП 2016 кое се одржа во Франција.
Победникот на ЕП 2020 ќе добие 34 милиони евра, а првеството ќе се одигра од 12-ти јуни до 12-ти јули во 13 европски града – Лондон, Минхен, Баку, Санкт Петербург, Рим, Копенхаген, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпетшта, Брисел и Глазгов.
Двете полуфиналиња и финалето ќе се одиграат во Лондон.